За скопскиот градоначалник денешната акција е порака до него и најави дека посебна бригада од 35 вработени ќе биде ангажирана за чистење на кејот.

--Традиционалните акции што ги организира Холандската амбасада се одвиваат веќе три или четири години на неколку локации во Република Македонија. Овој пат е опфатен и кејот на реката Вардар во Скопје. Чувствувам дека тоа е порака и до мене како градоначалник и до вработените во ЈП „Комунална хигиена“, но и до сите нас коишто сме граѓани на Скопје бидејќи отпадот го создаваат луѓето, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Скопје

- Кејот на Вардар не треба да биде чист само денеска туку постојано. По патеките за шетање не смее да има шприцеви, игли и стакло и ѓубрето да завршува во кантите за отпадоци. Мора да се подигне свеста за здрава животна средина.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 19:42