На социјалните мрежи денеска се појавија нови фотографии на кои јасно се гледа како повторно во центарот на Скопје, поточно во населбата Карпош 4 се шета змија оттровница. Фотографиите ги објавија револтираните граѓани кои во Карпош ја затекнале змијата пред нивната зграда и се обиделе да ја убијат но не успеале.

-Драги пријатели, Не се разбирам многу во влекачи и змии, но во Карпош 4 во близина на кејот на Вардар (и тоа на тротоарот пред зграда) е видена змија, не е мала, не знам дали е отровна или не, во секој случај е језива, па само да ви кажам внимавајте на своите миленици и дечиња.

Под оваа објава стојат и неколку коментари дека змијата е отровница.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 20:10