Запрени се 31 детален урбанистички план во Општина Центар. Советот со мнозинство гласови од советниците ја изгласа одлуката за запирање на спроведување ДУП-овите со времетраењето на мораториумот од два месеци, информираат од општината.
-Разгледувањето на овие Детални урбанистички планови е веќе во заврша фаза, а на советниците им беше прикажана и видео презентација. Планската документација ќе се носи транспарентно и сите забелешки од советниците и од граѓаните ќе се земат предвид, посочуваат од Општина Центар.