Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на претседателот Ѓорге Иванов, кој е домаќин на состанокот на лидерите на земјите во процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи денес во Скопје.
Поради нивното гостување одреден е прв степен на безбедност од копно и од воздух и посебен сообраќаен режим во Скопје.
Состанокот на лидерите на земјите во процесот Брдо-Бриони во Скопје ќе го проследат вкупно 156 акредитирани претставници на медиумите, 116 од Македонија и 40 од странство.
По завршувањето на официјалниот дел од состанокот, претседателот Иванов за своите гости ќе приреди вечера со традиционална македонска храна и домашни вина.