Договор за соработка меѓу Скопје и Атина ќе потпишан денеска градоначалници на двата града, Петре Шилегов и Јоргос Каминис.

Станува збор за возвратна посета, откако скопскиот и атинскиот градоначалник се сретнаа во Атина на почетокот на февруари.

Веднаш по средбата на Каминис и Шилегов, атинскиот градоначалник во интервју за МИА го најави потпишувањето на меморандумот за соработка при посетата на Скопје.

Тогаш, Каминис рече дека со Шилегов, ги поврзува и нивната политичка ориентација, и двајцата се социјалдемократи, но најважно од сѐ е волјата за соработка.

- Време е подобро да се запознаеме беше порака што атинскиот градоначалник, преку интервјуто за МИА, ја испрати до македонските граѓани по средбата со неговиот колега од град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2018 07:54