Омбудсманот меѓу специјалните надлежности и капацитетите: Надворешна граѓанска контрола врз работата на полицијат е тема на дебата, која денеска ќе се одржи во организација на НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.
Главниот фокус на дебатата ќе бидат улогата, недлежностите и капацитетите на Народниот правобранител, во воспоставувањето и функционирањето на надворешниот механизам за граѓанска контрола врз полицијата.
Во дискусијата ќе учествуваат народниот правобранител, Иџет Мемети, министерот за надвоерешни работи, Оливер Спасовски, Петар Јорданоски од Совет на Европа; Гордан Калајџиев, ескперт и претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Горан Лазаров од Евротинк - Центар за европски стратегии.
Дебатата ќе ја модерира Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
На настанот Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентарот ќе ја промовира публикацијата: „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“.