Дваесет и една екипа од Македонија, Бугарија, Србија и Грција ќе учествуваат на Првото Интернационално Крапско дружење што денеска почнува на акумулацијата Палурци кај Богданци.

-Натпреварувањето трае 50 часови, а најдобрите спортски риболовци на крап и амур ќе бидат познати в недела на пладне, информираат од организаторот, ЗСР „Костреш“ од Богданци.

Екипите се составени од двајца натпреварувачи, еден резервен натпреварувач и капитен на екипата. Сите учесници мора да бидат регистрирани спортски риболовци за 2018 година и да поседуваат спортска легитимација.

На Крапското дружење дозволен е само улов на крап и амур, а ќе се бодуваат само уловените примероци од над еден килограм.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2018 08:10