Милаим Абази е нов Командир на Полициската станица за гранична контрола и превенција „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар.
Тој на оваа функција доаѓа од местото помошник командир за јавен ред и мир и превенција во полициската станица од општа надлежност во Дебар.
Педесет и едногодишниот Абази во редовите на Министертвото за внатрешни работи е 26 години, при тоа околу три години бил заменик командир на Полициската станица во Ростуше, додека останатите во Дебар, како командир на полициската станица осум години, шест години како виш инспектор за работи во полиција, а бил и инспектор за превецнии.
Дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје.
Функцијата Командир на ПС за гранична контрола и превенција „Блато“до сега ја обавуваше Аргетим Војника,кој е наименуван за нов Командир на Полициската станица од општа надлежност во Дебар.