Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби 2018, годинава по пауза од три години повторно се враќа на древната сцена воистоимениот антички амфитеатар.

Ова за МИА го изјави Драган Миладиновски нов претседател на Организациониот одбор на фестивалот.

- Фестивалот првично го планираме да се одржи од половината на јули до половината на август, за што подетално ќе одлучиме на нашата прва седница деновиве. Првично ќе има пет фестивалски вечери со театарски ансамбли од земјава и странство, информира Миладиновски.

Од службата за информирање на Општина Велес соопштија дека Интернационалниот Фестивал на античка драма „Стоби 2018“,како што одлучил Советот на Општина Велес наместо преку делегирана надлежност повторно да го организира Општината.

Ова е одлучена на последната 14. седница на Советот одржана во средата, кога е избран и новиот Организациски одбор на фестивалот.

За претседател е именуван Драган Миладиновски, а за членови Младен Крстевски, Васил Зафирчев, Славиша Ѓорѓиев и Пенчо Кимов.

Инаку, фестивалот кој годинава ќе се одржи по 17-ти пат во изминатите три години oд 2015-2017, поради реконструкција на седиштата во античкиот амфитеатар во Стоби, беше преместен на сцената на велешкиот Народен театар и наместо во јули се одржуваше во септември и лани во октомври.

- Велешката публика бара тој повторно да биде во јули и тоа исклучиво на сцената на древниот театар во специфичен амбиент на отворено, каде древните антички претстави не враќаат назад во времето. На фестивалот местото му е во археолошкиот локалитет Стоби. И затоа на барање на бројната публика, повторно ќе се одржува на оваа древна сцена на отворено, потенцира Миладиновски.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2018 19:04