Соња Стојменска Елзесер е новиот претседател на Друштвото на пистели на Македонија.

Таа денеска на Собрание на оваа асоцијација доби поддршка од 74 членови на ДПМ. Против кандидат и беше Оливера Доцевска, која доби поддршка од 13 членови.

Стојменска Елзесер е есеист, критичар и книжевен научник, доктор по филолошки науки, професор и научен советник во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе го води Друштвото на писатели на Македонија во наредните четири години.

Доцевска е поетеса и есеист, правник од Куманово со адвокатска канцеларија во Скопје.

Согласно Статутот на ДПМ, за функцијата претсдеател на македонската писателска асоцијација Стојменска Елзесер и Доцевска конкурираа со свои програми.

Новата претседателка доаѓа на местото на Веле Смилевски.

Друштвото на писателите на Македонија годинава одбележува 71 година од своето формирање. Негов прв претседател беше Блаже Конески.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 02:31