Албанскиот претседател Илир Мета на заминување од Македонија, каде учествуваше на Самитот на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што се одржа во Скопје, попатно престојувал и во Струга.

Тој на својот профил на фексбук објави неколку фотографии и во кусиот текст напиша на македонски „Како Струга нема друга“, со превод на албански.

- Во право се кога велат: „Кaкo Струга, нема другa" (si Struga s'ka një tjetër). Денес со градоначалникот на општината, мојот пријател Рамиз Мерко разговаравме за одличната перспектива на Струга, да биде развиен регионален туристички, културен и економски центар. Многу им благодарам на жителите на Струга за топлиот и братски прием!-напиша Мета на својот профил на фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 14:17