Топло време со температура до 31 степен најавуваат метеоролозите за празничниот ден - 1 Мај.
Од УХМР информираат дека времето на 1 мај ќе биде претежно сончево со мала доумерена облачност во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 26 до 31 степен.
Топлото време продолжува во наредните денови, со услови за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Од средината на наредната недела се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.