[photo]

Започна втората фаза на МОС (Microsoft Office Specialist) натпреварот, чија цел е унапредување на дигиталната писменост кај младите. Финалето на кое ќе се натпреваруваат најдобрите 40 учесници ќе се одржи кон крајот на мај.

Според организаторот, компанијата Certiadria, оваа година имаат најголем број пријавени натпреварувачи, над 1.000 млади кои влегле во втората фаза на тестирање.

МОС - натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно за сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Учесниците на овој натпревар ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Мајкрософт Офис алатките: Ворд, Ексел и Пауер Поинт (2013 или 2016).

Победниците на Националниот МОС натпревар ќе се стекнат со можност да учествуваат во Светскиот натпревар Microsoft Office Specialist 2017/2018, во Орландо, Флорида каде што ќе ја претставуваат Република Македонија натпреварувајќи се со претставниците на повеќе од 140 земји од светот.


Финалето на МОС-натпреварот на крајот на мај

Натпреварот се одржува трета година по ред во организација на Цертиадриа, со поддршка од многу компании, државни институции и општини, меѓу кои: Министерството за информатичко општество и администрација, Град Скопје, Општина Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2018 14:20