Двајца мажи се повредени по пад во провалија на трим патеката што води од градот кон манастирот „Свети Илија“.
Несреќата се случила доцна попладне вчера, а при падот едниот е полесно повреден, а вториот потешко.
Според очевидци, првиот по падот успеал да се задржи на едно дрво во провалијата на само 4 метри од патеката, а другиот бил во дол длабок 25 метри.
На местото настанот интервенирале две екипи на Противпожарната единица на Струмица, кои успеале да ги извлечат настраданите и да ги транспортираат во болницата во Струмица.
Според информации оттаму потешко повредениот е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
На местото на настанот увид извршиле екипи на СВР Струмица и Основното јавно обвинителство.