Полицијата во акциска контрола спроведена синоќа на територија на Скопје пронашла 88 возачи кои ја пречекориле брзината на движење и на 11 возачи кои управувале под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 15:00 до 23:00 часот, на подрачјето на главниот град спроведе зајакната акциска контрола по однос на прекршоците за “брзо возење“ и “управување на возило под дејство на алкохол“ од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Полицијата на 88 возачи им издаде мандатни платни налози по прекршокот - “прекорачување на брзина на движење“, на 11 возачи им се издадени мандатни платни налози за прекршокот “управување на возило под дејство на алкохол“.

Во рамки на оваа контрола, на уште 22 возачи им се издадени мандатни и прекршочни платни налози по останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 11:57