Командирот на територијалната против пожарна единица-Битола, Костадин Поповски на прес конференција изјави дека екипи на ТППЕ-Битола за време на интервенција за гаснење пожар кој синоќа се случил во Битола, биле попречувани во својата работа од локалното население.
Поповски изјави дека за време на синоќешниот пожар на куќа на улица „Љубојно“ бр.8 во Битола, согласно процедура веднаш испратиле екипа со возило за гаснење на пожарот врз куќа кој бил во развиена фаза, но на нивно изненадување наишле на отпор од населението.
- Синоќа професионалните пожарникари од Битола задолжени за брзи интервенции беа оневозможени да си ја вршат работата. Вршењето мобинг врз нас е од непознати причини и тоа предизвика дополнителни поблеми во акцијата и гаснењето на куќата која беше градба од штици. Интервениравме веднаш по дојавата во ТППЕ-Битола и навремено, но група луѓе од локалното население постојано вербално не навредуваше, истакна Поповски.
За време на синоќешниот пожар во Битола беа опожарени три куќи, а една од нив целосно изгоре, информираа од ТППЕ-Битола.
- Куќата од штици целосно изгоре, додека врз другите куќи има оштетувања од пожарот кој избувнал околу 22 часот, а се интервенираше до 00.45 часот. За време на акцијата побаравме од ЕВН да ја исклучат струјата за да можеме да гасниме, но за жал ЕВН не дојдоа да ја исклучат струјата. Службено ја информиравме и полицијата од каде очекуваме преземање, на активности од нивна надлежност, посочи Поповски.
ТППЕ-Битола во овој момент има 21 вработено лице, професионални пожарникари и девет специјализирани возила за гаснење пожар.
- Според стандарди и за ефикасно работење на ТППЕ-Битола потребни се вкупно 71 професионален пожарникар, посочи командирот Поповски на прес конференцијата во овој град. За таа цел, во координација со Платежната агенција, МЗШВ ќе изврши измени на Уредбата за директни плаќања 2018 што треба да се донесе на седница на Влада.
- Првично, пролонгирањето на рокот е по барање на сточарите и ветеринарните друштва кои се изјаснија дека нема да имаат време до 15 мај да ја ажурираат бројната состојба на животните во регистарот на Агенцијата за храна и ветеринарство, што е услов за поднесување барања за субвенции говеда, овци и кози. Продолжување на рокот бараа и производителите на лозови калеми, кои посочија дека им е потребно дополнително време за целосно да ја подготват документацијата за субвенции за произведени и продадени лозови калеми, информира МЗШВ.
- Со оглед дека Уредбата за директни плаќања 2018 ги опфаќа сите мерки за субвенции, но и со цел сите земјоделци да имаат еднакви можности и пристап за аплицирање, овој пролонгиран рок важи за мерките за финансиска поддршка за сите земјоделски гранки. Воедно, рокот за аплицирање за субвенции за литар продадено млеко во октомври, ноември и декември 2017 година, наместо до 16 мај, ќе се продолжи до 23 мај, истакнува Министерството.
Според МЗШВ, пролонгирањето на роковите нема да влијае врз динамиката на исплата на субвенциите.
Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно, од страна на барателите. Доколку имаат потреба за помош при пополнување на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство. На веб страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk се објавени упатствата за корисниците, телефонските броеви и електронската адреса каде што ќе може да се поставуваат прашања во врска со апликациите.
- Во овој период треба да се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство (за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади) и за сточарско производство (за одгледување говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и за заклани животни во кланици, наведува Министерството за земјоделство.