Општина Центар денеска ја почна акцијата „Цел Центар на точак” односно субвенционирање на купувањето велосипеди.

Општината ќе субвенционира 30 проценти од цената на купување на нов велосипед, а најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед започнувајки од втори мај, потребно е да ги достави: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед. Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Центар, барака број 6. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно. Акцијата ќе трае до исцрпување на предвидените средства што за таа намена се издвоени од буџетот на општина Центар.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефоните за контакт: 3203-631 и 076-353-620.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 12:23