Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер оваа година ќе ја започне својата сезона на трева во Штутгарт. Тоа го потврдија организаторите на турнирот, кој ќе се одржи од 11 до 17 јуни.

Вториот на светската АТП листа, Федерер нема да брани поени на „Мерцедес купот“, каде минатата сезона загуби во првиот натпревар од домашниот претставник Томи Хас со 6:2, 6:7 (8), 4:6, но подоцна ги освои титулите во Хале и Вимблдон.

Триесет и шест годишниот Швајцарец нема трофеј во Штутгарт, а најдоброто негово достигнување е полуфинале во 2016 година.

Играчите вообичаено го користат натпреварувањето во Штутгарт за да се подготват за Вимблдон, кој ќе започне на 2 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 12:28