Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на денешната средба го именуваше Васко Кичевски за Директор на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот В.Д. директор Вангел Андрески.

Кичевски е роден на 21.11.1985 година во Скопје, Центар, Република Македонија. Основното и средното образование ги завршува во Скопје. Дипломира на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, насока – Индустриско инженерство и менаџмент. Учествува на многубројни интернационални натпревари за менаџмент и инженерски вештини и освојува четврто место за најдобар бизнис план на натпревар со над 300 натпреварувачи, организиран од ПСМ YES фондацијата, а под покровителство на SINTEF.

Во својата кариера, Кичевски беше маркетинг менаџер во Ајурведа ДООЕЛ Скопје, поранешен главен извршен директор на КК Работнички АД Скопје, а до скоро и советник во Советот на Општина Центар.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 22:35