Раководството на Формула 1 од следната година планира да одржува трки во Мајами, а набргу ќе биде познато дали тие планови ќе се реализираат.

Локалните власти на Мајами идната седмица ќе гласаат за предлогот, а ако тој биде прифатен првата трка во овој град ќе се одржи во октомври 2019 година.

Комерцијалниот директор на Формула 1, Шон Бречес, изјави дека од одлуката на властите во Мајами зависи и одржувањето на трката.

Доколку биде усвоен предлогот, тоа ќе биде прва градска трка во САД од 1991 година, кога возачите на Формула 1 се натпреваруваа во Феникс.

Трката во Мајами ќе биде втора во календарот на територија на САД, по онаа која се вози во Остин.

Според одредени гласини таа би влегла во календарот на местото на уличната трка во Баку, Азербејџан.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 22:41