За проблемите и предизвиците на претпријатијата во земјоделството и потребата од уредување на областа на советодавните услуги во земјоделско-прехранбениот сектор ќе се дискутира на информативна сесија, што ќе се одржи денеска во Неготино, како дел од проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Информативцната сесија на тема „Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделството за подобрување на локалната економија“ е 12. од 20. планирани со проектот.

Активностите ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2018 08:27