Ветеранот на МотоГП, Валентино Роси ќе постигне извонреден успех за време на трката во Шпанија овој викенд. Во 15-тиот круг по стартот на „Херез“, пилотот ќе помине 40.075 натпреварувачки километри на својот мотоцикл. Што е интересното во овој број? Точно толку километри е растојанието по целиот екватор на Земјината топка. „Докторот“ ја поминува оваа далечина на својот мотоцикл за 23 сезони, освојувајќи 115 победи, 228 подиуми и девет шампионати по целиот свет. Трката во Шпанија оваа недела е 369. Гран при, во кое учествува легендарниот Италијанец. Тој е и најуспешниот пилот на „Херез“ со девет победи - една во 125цц и 250цц и седум во кралската класа.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2018 09:29