Повеќе од 400 земјоделци од општините Дебар и Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, досега доставиле барања за субвенции во Подрачнатата единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар.

Арбен Муладаути, раководител на подрачната единица, верува дека бројот на барања ќе биде поголем бидејќи се дава можност за аплицирање и по електронски пат.

Рокот за доставување барања, посочува тој, е продолжен до 15 јуни, па се надева дека дотогаш сите заинтересирани земјоделци ќе достават барање за финансиска подршка и оти сите потребни информации може да ги добијат во Подрачната единица каде на земјоделците им помагаат и во пополнување на барањата.

- Благодарение на финансиската поддршка што ја дава државата, во последните години зголемени се обработливите површини, како и бројот на стада овци. Така, на пример, стадата овци се двапати побројни и сега има над 40.000. Освен што се зголемуваат обработливите површини во индивидуана сопственост, се зголемуваат и површините земени под концесија, а се во државна сопственост и тие сега изнесуваат 134 хектари, изјави Муладаути.

Последните години во просек годишно, субвенции, добиле околу илјада земјоделци со вкупен износ од околу милион евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2018 12:14