Во околината на Велес по првомајскиот излет во природа исчистени се рекреативните центри покрај реката Бабуна и крајбержјето на езерото „Младост“, како и летниковците за одмор и пешачките патеки покрај езерото.
Како што информира за МИА, Тодорка Андреева портпарол на ЈКП „Дервен“ чии екипи го изведоа чистењет, собрани се вкупно 10 метри кубни најразновиден смет кои го оставиле зад себе посетителите.
- Иако е собран помалку смет во споредба со минатите првомајски излети, сепак, граѓаните кои доаѓаат на овие убави излетнички места посебно за викендите и празниците, и натму оставаат отпад. Не знам дали помалите количества смет е резултат на подобрената еколошка совест на граѓаните или во прашање е помалата посетеност на излетничките места годинава. Во секој случај и овие количества на смет се показател дека кај граѓаните треба се уште да се буди еколошката свест за заштита на животната средина. Апелираме до нив по престојот во природа, сметот да го фрлат во контејнерите, или ако се преполни во најлон кеси да го вратат и да го исфрлат во своите домашни канти за смет, потенцира Андреевска.