Кавадарци ќе субвенционира купување велосипеди, двеста илјади денари од општинскиот буџет се определени за таа намена. Локалната самоуправа денеска го објави јавниот повик, а субвенционирањето има за цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди.
- Субвенции ќе се даваат се до потрошување на предвидените средства од буџетот. Средствата што ќе ги надоместува општината се во износ од 50 проценти од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари нето износ по лице, информираат од Службата за односи со јавноста при општината.
Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Кавадарци, кои ќе купат велосипед до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31 декември.