Во период од три години, од 2015 до 2017 година на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце регистрирани биле десет случаи на лица заболени од туберкулоза, информираат од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошката служба пир Центар за јавно здравје, Крива Паланка.

Според статистиките на Центарот за јавно здравје, во изминатите три години од вакцинопревентабилни заболувања во двете општини регистрирани се 14 случаи, од кои најмногу се лица со ТБЦ (туберкулоза).

- Вкупно 14 лица заболеле од болести што во минатото биле актуелни, пред воведувањето на вакцинација. Десетте регистрирани лица заболени до туберкулоза се на различна возраст, а кај сите изворот на зараза не е познат. Три лица заболеле од Хепатит Б, и тоа две на возраст од 40 -49 години и еден на возраст од 15 до 19 години. Ова се пациенти кои ја немаат примено вакцината против Хепатит Б бидејќи истата во календарот за редовна имунизација е воведена во 2005 година. И кај овие лица изворот на зараза е непознат, информира доктор Елена Крстевска од ПЕ на ХЕС, Крива Паланка.

Од вкупно 14-те случаи на лица со заразни вакцинопревентабилни заболувања, регистриран бил и еден случај на паротит.

- Случајот на заушки е регистриран кај дете на тригодишна возраст кое ја нема примено вакцината против МРП и во контакт со слично болен се зразил, додава Крстевска.

Упати апел до сите родители да ги вакцинираат децата со што и ќе ги заштитат од останатите заразни заболувања против кои постојат ефикасни вакцини, но и ќе учествуваат во јакнењето на колективниот имунитет кој не смее да да биде под 95 отсто. Ваков колективен имунитет, според Крстевска, ќе се постигне со следење на редовниoт календар на имунизација.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2018 09:50