Заменик-министерот за образование и наука Арбр Адеми денеска се сретна со Арт Љатифи, ученик во трета година во Гимназијата „Сами Фрашери“ од Куманово, кој на републичкиот натпревар по нуклеарна физика го освои првото место.
На средбата, како што соопшти Министерството за образование и наука, Адеми му честитал на Љатифи за освоените награди и му посакал успех во понатамошното школување.
Љатифи на минатогодишниот републички натпревар по биологија исто така го освои првото место.