Градоначалникот Коста Јаневски денеска оствари средба со министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата со Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски.

- На средбата се разговараше за актуелната состојба на Ромите, а се разгледуваа и можностите за подобрување на нивните услови за живот преку заеднички активности на Владата на Република Македонија и општина Струмица, со вклучување на граѓанските организации, кои работат на оваа проблематика, информираа од општина Струмица.

Посебен акцент на средбата бил ставен на решавањето на инфраструктурните проблеми и станбеното прашање на ромското население.

И Јаневски и Ахмедовски ја потврдиле желбата за продолжување на соработката во имплементацијата на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2018 14:18