Град Скопје денеска се вклучи во акцијата за средување, чистење и разубавување на животната средина. Оваа акција е дел од иницијативата на ЗЕЛС за подобрување на животната средина во сите општини.

- Почнуваме со чистење на булеварот „8 Септември“ на потегот од булеварот „Илинден“ до улицата „Скупи“. Град Скопје и секоја од скопските општините ги чистат реоните за кои се надлежни. Во оваа акција учествуваат и градските јавни претпријатија со сета механизација и човечки потенцијал, изјави портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху.

Тој потсети дека во изминатиот период Град Скопје организираше акции за чистење на главниот град од диви депонии и миење на улиците.

- Граѓаните на Скопје во акцијата „Пријави депонија“ пријавија над 200 диви депонии кои една по една ги исчистивме, рече Салиху, кој изрази благодарност до граѓаните кои активно се вклучиле и помогнале во мапирање на дивите депонии.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2018 19:31