Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник во полумаратонската трка на Виз Ер Скопскиот маратон со резултат од 1 час, 9 минути и 10 секунди.

Атанас Анчевски заврши втор со 1.14.44 и трет беше Милош Ранчиќ со 1.15.56. Од жените во генералниот пласман првите три места ги земаа Миљана Ристиќ со 1.29.15, Амела Трозиќ со 1.32.22 и Силвија Шимуновиќ со 1.35.06.

По полумаратонот Ивановски изјави дека напредува и оти изминатиот период се подготвувал во Белград со многу силни атлетичари.

- Ветив малку подобар резулатат. Ветив рекорд на Македонија, но сепак не издржав бидејќи момците од Кенија воведоа многу јак ритам под три минути и наглата промена многу тешко ја поднесов и од четвртиот киломеатр до крај останав сам, изјави Ивановски, кој лани истрча и победи со 1 час, 11 минути и 27 секунди на полумаратонот.

Според него, патеката е рамна, има предобра организација, но поради топлото време е тешко е да се направи личен рекорд на Скопскиот маратон.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 20:51