На Прилеп му е потребно полициската станица да прерасне во Сектор за внатрешни работи и се надевам дека тоа ќе се случи следната година, изјави прилепскиот градоначалник Илија Јованоски при посетата на прилепската полициска станица четитајќи им го на вработените Денот на полицијата, 7 Мај.

- Прилеп не заслужува да остане само Полициска станица, туку, како општина според бројот на жителите и опфатот на површината што ја има, како належност прилепската полиција треба повторно го врати статусот на Сектор за внатрешни работи, статус што на полицијата ѝ е одземен речиси пред една деценија, изјави Јованоски.

Прилепскиот градоначалник разговараше со командирот на полициската станица во Прилеп Кире Спиркоски и оцени дека со својата професионалност и сериозност во работата, вработените во неа ќе продолжат понатаму со истиот успех, како и досега.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 11:41