Со пригодна свеченост денеска Секторот за внатрешни работи Охрид го одбележа 7 мај -Денот на македонската полиција.
На службениците Јован Ѓонески од Полициската станица од општа надлежност Охрид, Јован Милошески од Оделението за криминалистичка техника и Николче Милошески од Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид им беа врачени благодарници за посебен придонес, успешна соработка и поддршка во работата на Секторот за внатрешни работи Охрид.
На свеченоста присуствуваа градоначалниците на Охрид, Јован Стојаноски и на Дебрца Зоран Ногачески, претставнции на локалните самоуправи на двете општини, на паравосудните органи, на подрачните единици на министерствата, на царината, одбраната, на јавните претпријатија, на Црвениот крст, на здружението на пензионери и пензионираните припадници на МВР и други поканети гости.