Доцна попладнево демирхисарскиот крај го зафати силно невреме со врнежи од дожд и град.
Во селото Слепче кое е најпогодено од невремето, врнел град којшто во еден момент го послал селото како снежна покрива.
Засега нема информации за евентуални штети од временската непогода.