Во заедничко чествување на амбасадата на Руската федерација во македонија и на приелпските локални власти денеска на Могилата на непобедените во Прилеп се одбележа 9 мај - Денот на победата над фашизмот. Свежи цвеќиња на Могилата, пред моштите на 650 приелпски борци од НОБ и револуцијата положија делгации предводени од амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак, на прилепскуите локални власти предводена од градоначалникот Илија Јованоски, на Сојузот на борците, од припадниците на АРМ од прилепската касарна „Мирче Ацев“, политички партии и граѓани.
Изразувајќи благодарност до прилепските локални власти за организацијата на овој комеморативен настан, Шчербак рече дека за народите на Русија и на Македонија, Денот на победата е од исклучително значење.
- Русија даде преку 30 милиони жртви и успеавме не само да ги одбраниме нашата независност, слобода и чест, туку и да ја ослободиме Европа. За Македонија Денот на победата е многу важен зашто успеа да ја добие својата државност. Во таа страшна војна народите на Русија и на Македонија се бореа рамо до рамо. Победата е битна и за целото човештво кое обезбеди мир, слобода и човечки права. Кога им даваме почиот на луѓето кои ни ја дадоа слободата и можноста за живот, им оддаваме почит за нивниот хероизам, и за тоа Фашизмот никогаш повеќе да не ја подигне главата, рече Шчербак.
За прилепскиот гардоначалник Илија Јованоски Прилеп дал голем залог за слободата , а новите генерации знаат да го ценат тоа.
- Во знак на почит на жртвите од Втората светска војна, денес сите се поклонуваме пред моштите на жртвите на Могилата на непобедените во чест на 9 мај- денот на победата над фашизмот кој воедно е и ден на Европа. Секогаш ќе го славиме и треба да имаме почит кон сите жртви и борци кои ја донесоа денешната слобода. Се надевам дека заедништвото што го имаме со Руската Федерација ќе продолжи. Изразувам благодарност до амбасадорот Шчербак за неговорот присуство денес и за се она што го прави за економски и културен напредок меѓу двете земји. Младите генерации треба да ја имаат почитта спрема загинатите и жртвите од Втората светска војна и да ги чуваат придобивките, рече Јованоски.
Во одбележувањето, традиционално секоја година се вклучува Прилепскиот сојуз на борците. Денеска во просториите на Сојузот се одржа предавање за Втората светска војна и настаните од 1941 до 1945, посебно во Македонија. Според Илија Велкоски, член на Сојузот, целта е продолжување на борбените традиции и потсетување на славното минато како и придобивките од победата над Фашизмот.
- Целта е да ги задржиме традициите од НОБ и Народната револуција. Како членови на поддржувачите на боречката организација сме околу 2000, а самно неколку мина се уште живи борци. Значењето на 9 мај е многу голем. Со капитулацијата на германија и на Јапонија настанува нова ера во светските збиднувања. Покрај сите зла што ги донесе Втората светска војна, придобивката од неа е што колонијалните држави до 70-ите години на минатиот век покренуваат револуции, се ослободуваат и формираат сопствени држави, а најважното е човечкиот ореал- слободата, рече Велкоски.
Одбележувањата за 9 мај - Денот на победата над фашизмот во организација на Руската Федерација во Македонија почнаа во Скопје на 5 мај и со низа комеморации и свечености продолжува во Струмица, Прилеп, Битола, Охрид и пак во Скопје.