Едвард Гонзалес, директор за генерален развој во УСАИД Македонија денеска престојуваше во Дебар.
Тој се сретна со градоначалникот Ружди Љата, а потоа присуствуваше на спортската активност во основното општинско училиште „Саит Најдени“ во рамки на УСАИД проектот „Унапредување на социјалната кохезија во Македонија“.
На настанот учествуваа ученици од ова, како и од најголемото дебарско ООУ „Братство единство“, а го проследија и претставници на локалната власт и просветни работници.
- Овие иницијативи во партнерство со граѓаните на Македонија имаат за цел да го подобрат квалитетот на живеење во Македонија. Во изминатите четврт век во Македонија имаме подржано многу проекти и таа подршка нема да изостане и понатаму, посочи Гонзалес.
Тоа со цел, посочи, за да се создадат нови работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да го подобрат интергираното образование и да ги подготват учениците за современиот пазар на труд.
Инаку, како што беше неодамна кажано по повод одбележувањето 25 години УСАИД во Македонија, период во кој во се поддржани 157 проекти во доменот на инклузијата во образованието, демократијата и економскиот развој, за што се вложени 610 милиони долари.
Во општина Дебар УСАИД има реализирано повеќе проекти, еден од нив е и изградбата на патот покрај брегот на Дебарско езеро,едно од најубавите места во градот.