Општина Кочани и ЕУ-инфо точката се вклучија во одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа.
Централниот настан се одржа на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“, каде ученици од основните и средните училишта претставија седум земји членки на Унијата: Холандија, Германија, Чешка, Бугарија, Ирска, Полска и Финска.
На манифестацијата присуствуваше и евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој претходно имаше и работна средба со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
- Ова е моја прва посета на општина Кочани и им благодарам на учениците што се вклучуваат во одбележувањето на овој ден што е важен за историјата на ЕУ. Го ценам и пристапот на локалната власт за нејзината ориентираност кон проекти кои ќе дадат конкретни резултати во интерес на граѓаните од вашата општина, а за што ја има сета наша поддршка, истакна амбасдадорот Жбогар.
Во културно-уметничкиот дел на програмата настапија хорот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ и училишни ритмички состави, како и рок-групата „Шекспир“.
Дел од програмата беше и ликовниот перформанс во кој се вклучија членовите на Училиштето за цртање и сликање од ЦК „Бели мугри“, кои сликаа мотиви од земјите членки на ЕУ.