Министерството за образование и наука го осудува индицентoт во ООУ „Живко Брајковски“, каде што наставник нападнал и повредил ученик од ова училиште.
МОН очекува соодветно санкционирање на наставникот по добиените наоди од извршениот надзор од страна на Државниот просветен инспекторат.
- Веруваме дека секоја ситуација и конфликт може да се разреши по мирен пат, со разговор, а не со физички пресметки и напади. Штетата е уште поголема што не станува збор за инцидент меѓу ученици, туку меѓу наставник и ученик, се вели во соопштението.
Од МОН апелираат до сите наставници и ученици проблемите со кои се соочуваат, конфликтите, да ги решаваат во присуство и со помош на психолошко-педагошката служба во училиштата, како и во присутво на родителите и раководните лица на образовната установа.