Амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли денеска ја посети општина Битола и оствари работна средба со градоначалничката Наташа Петровска, која ги претстави потенцијалите на градот, развојот на туризмот, индустријата, малите и средните бизниси и инфраструктурата.

- Битола има големи потенцијали кои, за жал, се уште не се искористени, но во нив има голем простор за подобрување и инвестирање. Може да се инвестира во Националниот парк „Пелистер“, како и други мерки кои може да се преземат за младите луѓе да останат во Битола, нагласи Петровска.

Престојот на амбасадорот Бејли во Битола беше во рамки на активностите и организацијата на првиот Саем на креативци на Балканот, кој од денеска до 20 мај се одржува во Битола, со учество на 20 креативни организации од Македонија.

Настанот е собир на технолошки ентузијасти, занаетчии, наставници, инженери, научни клубови, автори, уметници, студенти и луѓе од бизнисот од сите возрасти. Беше збогатен со практични демонстрации и работилници за 3Д-печатари, роботика, компјутерско програмирање и занаетчиска работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2018 14:01