Дваесетина пчелари од Здружението за пчелари „Пчела“ од Крива Паланка на теренска работилница во пчеларници во село Градец денеска се обучуваат како да ги применат современите техники на производство на матичен млеч и останати пчелни продукти.
Обуката е за техники за современо производство на пчелни продукти и постигнување поголемо и посовремено пчеларство со нови апитехнички мерки, а ја спроведуваат Мирољуб Голубовски од Факултет за Земјоделство, шумарство и водостопанство и Бранко Соколов, инструктор по пчеларство.
- Работилницата конкретно опфаќа префрлување на матичници во финишер, со цел за кратко време да се произведат поголем број матици, како и пресадување ларви за производство на матичен млеч, информира Милош Славковиќ , секретар на „Пчела“.
Работилницата е трета по ред од проектот "Промоција на современи апитехнички методи за унапредување на производството на примарните пчелни производи и производство на матици", финансиски поддржан со грант од локалната самоуправа на општина Крива Паланка во рамки на програмата за поддршна на граѓански организации за 2018 година. Славковиќ најави уште две работилници кои е планирано да се одржат на истата локација.
Славковиќ најави уште две работилници кои е планирано да се одржат на истата локација. Следната обука е закажана за 16 мај, среда,на која ќе се работи на тема „вадење матичен млеч и префрлање матичници во оплодници“.
Здружението "Пчела" е едно од поактивните во државата, брои активни 80 членови, од кои поголемиот број се искусни, повозрасни пчелари.