Министерството за транспорт и врски, по анализи што ќе ги изработат повеќе институции и општините, до Владата треба да достави акциски план за подобрување на состојбата на општинската патна мрежа.

На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата денеска усвоила Информација за потребата од подобрување на состојбата на општинската патна мрежа.

- За таа цел Владата задолжи повеќе институции меѓу кои и Јавното претпријатие за државни патишта да изготви детална анализа и преглед на рехабилитирани општински патишта со помош на средства од заеми, одобрени за таа намена. Исто така, ќе се изготви и преглед на годишните износи на финансиските дотации до единиците на локална самоуправа наменети за одржување на општинските патишта за последните десет години, се вели во соопштението.

На седницата задолженија добиле и Заедницата на единиците на локална смаоуправа во соработка со општините и Министерството за локална самоуправа да изготват анализа на состојбата со општинските патишта и преглед на општински патишта во лоша и многу лоша состојба, во кој ќе вклучат приоритети. По добивањето на тие анализи Министерството за транспорт и врски ќе достави акциски план за подобрување на состојбата на општинската патна мрежа, информираат од владината прес-служба.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2018 16:42