Финале за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“, ќе се одржи денеска и утре, во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со Министерство за образование и наука
Учениците од основните и средните училишта во Македонија кои го поминаа процесот на предселекција ќе имаат можност за јавна презентација на истражувачките проекти од областа на природните и техничките науки.
Седумчлена комисија од стручни лица од различни релевантни институции во областа на образованието беше вклучена во целиот процес и ќе избира по однос на усните презентации.
Комисијата е составена од претставници на Фондот за иновации и технолошки развој, Министерство за образование и наука,Факултет за електротехника и информациски технологии, Технолошко-металуршки факултет, Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија – Наука за млади и Бирото за развој на образование при МОН.
На првиот ден од финалето е најавено обраќање на Јован Деспотовски, директор на ФИТР и Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.
Повикот „Предизвик за млади истражувачи“ беше отворен на 31 ноември минатата година и траеше до 15 февруари годинава.