Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние денеска ја посети општина Новаци и се сретна со градоначалникот Љубе Кузманоски со кого разговараа за досегашната соработка, но и чекорите и активностите за нејзино продолжување.

Разговорот беше фокусиран на досегашните проекти на општина Новаци и поддршката која ја добива тамошната локална самоуправа во рамки на соработката со организацијата АЛДА и француската општина Коломбел, изјави градоначалникот Кузманоски.

Францускиот амбасадор Тимоние соопшти дека во соработка со општина Новаци, амбасадата ќе организира повеќе манифестации посветени на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна.

- По повод 100 години од завршувањето на прва светска војна, планирааме да направиме туристика рута од Солун до Белград за француските туристи да се запознаат со овој регон и историјата, најави амбасадорот Тимоние.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 14:36