Водостоите на сите реки во земјава се пониски во однос на вчера, но сепак се над повеќегодишниот просек за мај, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Поголеми од вообичаените се и нивоата на трите природни езера. Преспанското има ист водостој како вчера, кај Охридското е за еден сантиметар понизок, а кај Дојранското за еден сантиматар повисок.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 10:52