Министерот за култура именуваше шест нови директори со редовен мандат во национални установи од областа на културата, по завршување на постапката од јавните конкурси.

Катарина Илиевска-Силјановска е именувана за директор на Театарот за деца и младинци, Ход Мифтари за директор на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, Гордан Николов - на Музејот на Македонија, Мира Гаќина за дирекор на Музејот на современата уметност, Миќо Стојчески - на Музејот на Тетовскиот крај - Тетово и Сашо Тодоровски - именуван за директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев''- Куманово.

Со овие национални установи досега раководеа вршители на должноста на функцијата директор.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 12:13