Тетовската клиничка болница денеска доби донација од инвалидски и колички за лица со пост-оперативен третман од данска невладина организација „Унити Друм“ во која членуваат жители од општина Желино, кои живеат и работат во Данска.

Претставник на данската органзиација за МИА изјави дека ова е прва донација за Тетовската клиника, и најави дека вакви донации ќе има и во иднина, со цел да се подобрат условите за пациентите во клиниките во земјава.

Од Тетовската клиничка болница, се заблагодарија за оваа донација, која, како што кажа директорот Флорин Бесими, ќе биде од корист за пациентите.

Допнацијата која се состои од седум колички за инвалиди и 18 колички за лица што се третираат постоперативно, се наменети за хирушкиот дел, но и за другите оддели каде што ќе има потреба од нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 12:14