Водостоите на реките и природните езера во Македонија се пониски во однос на вчерашниот ден со исклучок на Дојранското Езеро каде нивото пораснало за два сантиметра, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостоите на реките најчесто се пониски од вообичаените за мај, додека кај трите езера се повисоки. Благо зголемување во однос на просечното ниво за овој месец имаат Вардар на мерните места кај Велес и Демир Капија и Пчиња кај Катлановска Бања.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2018 09:09