Градоначалникот на Охрид, Јован Стојански и раководителот на општинскиот Сектор за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолоски остварија средба со бизнис-делегација од Јапонија, предводена од заменик-директорот на Асоцијацијата на туристички агенции Акихико Косагаи.

На средба на која присуствуваа и претставници на меѓународни авиокомпании билоо разгоарано за можноста Охрид наместо дел од кружните тури низ регионот да биде промовиран како примарна дестинација за јапонските туристи, кои би престојувале пет до седум дена.

Јапонските гости повикале Охрид да биде дел од меѓународниот саем за туризам што во септември ќе се одржи во Токио, како активности што би придонела за подобрување на туристичката соработка меѓу Македонија и Јапонија. Во таа насока била најавена уште една посета на туристички работници и медиуми од Јапонија.

Јапонските гости во Охрид доаѓаат во организација на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот од Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2018 09:15