По спроведената викенд засилена акциска контрола на возилата во Прилеп, во саботата полицијата одзела 34 возачки дозволи, издадала 38 платни налози и утврдила 35 прекршоци, меѓу кои управување без возачка дозвола, управување со нерегистрирани возила, неносење возачка дозвола, возач-почетник, информираат од Секторот за внатрешни работи од Битола.
Викендов биле проверувани возилата и возачите во периодот од 22 часот до четири часот изутрината, при што полицијата направила контрола кај 251 возило. Од алкотестираните 184 возачи, кај 38 било утрвдено присуство на алкохол.
СВР-Битола, апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на управување на возило под дејство на алкохол, приспособување на брзината според условите, состојбата на патот, според ограничувањата како и паркирање на места кои се определени за таа намена со цел нормално и непречено одвивање на сообраќајот.
СВР Битола ќе продолжи со засилени мерки и активности во сообраќајот, за негово непречено одвивање.