Назначувањето директори во прилепските основни и средни училишта е според законите за основно и средно образование, изјави денеска прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, одговарајќи на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека доцнат продолжувањата на мандатите на в.д директорите.

Јованоски вели дека постапките се законски и нема ништо спорно.

- Постапено е според законот за основно образование за поставување в.д директори во основните училишта. Исто така, според Законот за средно образование се поставени директорите на петте средни училишта во Прилеп. Ова е во корелација со Државниот просветен инспекторат. Конкретно, во четири основни училишта во градот огласите се во тек поради тоа што училишните одбори подоцна ги распишале, а во шест основни училишта има в.д директори. Тоа им го предочив на Државниот просветен инспекторат. Во петте средни училишта им се продолжени мандатите на в.д директорите за шест месеци и нема ништо чудно или спорно, вели Јованоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2018 14:29