Во касарната „Чеде Филипоски -Даме“ во Кичево се одбележа Денот на единицата. На свеченоста беа присутни и командантот на Здружената оперативна команда генерал мајор Зоран Милески, командатот на Првата механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Миче Ѓоргоски, градоначалници од општините во зоната на одговорност, голем број претставници на јавниот сектор, како и ученици од кичевските основни училишта и од Охрид.

Пред многубројните присутни говореше командантот на Четвртиот механизиран пешадиски батаљон, потполковник Боро Латкоски.

- Денес кога го славиме 21 мај овој ден како припадници на оваа единица, даваме целосен придонес со постигнување на високи резултати во градењето на борбената готовност и со извршување на многу други значајни мисии кои се приоритетни за единицата и армијата во целина. И годинава се вклучивме во проектот на Министерството за одбрана за популаризација на воениот позив, во сите средни училишта во нашата зона на одговорност и како резултат на тоа денес нашата прослава е збогатена со присуство на ученици од овие училишта, додаде меѓу другото командантот на единицата, Латкоски.

Гостите и припадниците на армијата ги поздрави и бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски кој истакна дека оваа единица покрај редовните обврски и остварени високи резултати, летово даде огромен придонес во гаснењето на големиот шумски пожар во бродско и секогаш кога тоа е потребно таа ќе стои на располагање, за решавање на вакви и слични природни или катастрофи предизвикани од човечки фактор.

За присутните во касарната беше организиран и тактичко–технички збор.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2018 20:06